Белата куќа ќе забрани користење на мобилни телефони

4 јануари, 2018 | 15:42 часот | 625 прикажувања |

Белата куќа од идната недела ќе воведе забрана за користење на личните мобилни телефони на вработените и посетителите во Западното крило.

Ова го соопшти портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс. Таа објаснува дека ова го решиле поради загриженост дека протекуваат информации и безбедноста мора да се зголеми.