Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар и патот Штип-Неготино

3 јануари, 2018 | 19:33 часот | 575 прикажувања |

Сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на излез од село Камењане-Тетово, од 18.30 часот е во прекин поради случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ додава дека од 17:50 часот на регионалниот пат Штип-Неготино, поточно над село Лесковица сообраќајот е во прекин поради опожарување на патничко моторно возило.