Прочитајте кои денови се неработни во јануари

3 јануари, 2018 | 11:01 часот | 455 прикажувања |

Во првиот месец од новата 2018 година следуваат уште два продолжени викенди.

Листа со неработни денови за јануари 2018 година.

За сите граѓани на РМ

• 1 јануари (понеделник), Нова година
• 7 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава