Кај „Долно Блаце“ уапасен Албанец кој се барал со меѓународна потерница од Германија

3 јануари, 2018 | 10:53 часот | 574 прикажувања |

Македонската полиција уапси албански државјанин на граничниот премин „ Долно Блаце“. Според информациите на МВР, вчера во 00.05 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ бил приведен и задржан В.З. (23) од Драч, Република Албанија, со бугарска патна исправа.

Тој биле приведен поради тоа што против него имало распишана меѓународна потерница од Сојузна Република Германија.

Подоцна тој бил спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.