Заев: Не е време за избори, туку за работа

2 јануари, 2018 | 16:25 часот | 1.799 прикажувања |

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со министерот за финансии Драган Тевдовски, на која порача дека 2018. годна ќе биде година на економски прогрес и инвестиции, со очекување за отворање многу работни места и зголемување на БДП, што како краен резултат ќе го почувствуават граѓаните.

Премиерот Зоран Заев вети дека 2018-та ќе биде добра година, порачувајќи дека не е време за избори, туку за работа.

Заев упати порака до бизнисмените дека Владата ќе биде насочена кон се што може да се поддржи и оти годинава согласно стабилно парламентарно мнозинство ќе се имплементираат важни стратегиски планови.

„Убеден сум дека 2018 година ќе биде кулминација на завршување на политичката криза со економски перформанси што ќе ги почувствуваат граѓаните“, рече Заев.