Борисов: Европеизацијата на Балканот ќе ја запре балканизацијата на Европа

2 јануари, 2018 | 16:17 часот | 657 прикажувања |

Бугарскиот премиер Бојко Борисов порача дека европеизацијата на Балканот е неопходна за да се спречи балканизацијата на Европа откако вчера земјата го презеде ротирачкото претседавање со Европската Унија.

„Бугарија го преземе претседавањето во клучен момент за ЕУ под паролата „Во единството е силата“, напиша премиерот Бојко Борисов на „Фејсбук“.

Во мај годинава во Бугарија ќе биде одржан првиот самит меѓу ЕУ и Балканот по 15 години.