Првиот ден на Божик неработен за сите граѓани

2 јануари, 2018 | 16:04 часот | 476 прикажувања |

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2018 година (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари 2018 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.