
Празниците во нашиот јазик се пишуваат со голема почетна буква: Нова година, Бадник, Божик, Водици, Велигден, Велики петок.
И покрај тоа што станува збор за многу често употребувана фраза, изненадува шаренилото од грешки што сè уште ги среќаваме во новогодишните честитки. Тие треба да гласат: Среќна Нова година! или Среќна Нова 2018 година! (нема потреба од член: 2018-та година)
Погрешно:
Среќна Нова Година!
Среќна нова година!
Поинаку:
Во новата 2018 година ти посакувам многу здравје, среќа, љубов и успех!
Забележи дека во последниот пример, новата е напишано со мала буква. Тоа е така поради тоа што станува збор за целата следна година, а не за празникот Нова година.