Првороденото бебе во Велес за 2018-та е женско

2 јануари, 2018 | 11:14 часот | 635 прикажувања |

Првото бебе кое се роди во 2018 година во Општата болница во Велес е женско. За мајката Наиме Алиова од Горно Јаболчиште тоа е четврта рожба.

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска ги посети мајката и детето. Традиционално им подели подароци. Во оваа прилика им ја честиташе Новата 2018 година и им посака многу здравје, среќа и бериќет. Честитка упати и до вработените во Гинеколошко-Акошерското одделение, како и до сите граѓани на Велес.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес денеска информираа дека е родено и второто дете кое е машко. Во 2017 година на одделението се родиле 649 деца.