
Утре е последниот ден од оваа година и традиционално во 12 часот на пладне се очекув доаѓањето на Дедо Мраз на плоштадот Македонија, а Град Скопје и оваа година се потруди да понуди интересна и богата програма за најмладите, информираат од службата за односи со јавноста.
„Годинава, најпознатиот дедо на светот , заедно со своите придружници во Скопје ќе пристигне во еко мобил и ќе ни ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина“, велат од Град Скопје.
Дедо Мраз ќе го пречекаат Златните Славејчиња а по неговото пристугнување тој со неговата дружина ќе ја одиграат претставата „Дедо Мраз во пензија“ и ќе и се придружат на веселата музичка парада.
Новата Година на сите деца во Скопје ќе им ја честита градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.