Пратениците на „Самоопределување“ Курти и Бујупи пуштени во домашен притвор

29 декември, 2017 | 22:23 часот | 619 прикажувања |

Двајцата пратеници на движењето Самоопределување Албин Курти и Доника Кадај-Бујупи доцна попладнево се ослободени од мерката затворски притвор и сега ќе се бранат од слобода.

Ова е одлучено по денешната расправа во Основниот суд во Приштина, на која беше најавено дека пресудата за овие двајца пратенци, како и за пратениците Фатон Топали и Албулена Хаџиу, ќе се соопшти на трети јануари.

Во декември 2015 година но и на други последователни пленарни седници, пратениците од опозицијата, во тоа време од Движењето Самоопределување, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, во знак на протест против договорите за формирање заедница на српски општиини и за демаркација на границата со Црна Гора, фрлаа солзавец во собраниската сала и попречуваа службени лице во вршење на должноста.

Само пред два дена Основниот суд во Приштина донесе одлука за еден месец да им се продолжи мерката притвор на двајцата пратеници на „Самоопределување“ Албин Курти и Доника Кадај-Бујути. Тие во притвор требаше да останат до 27 следниот месец.