Пензионерите од Карпош на новогодишен ручек со градоначалникот Богоев

29 декември, 2017 | 20:24 часот | 666 прикажувања |

Во духот на традицијата, пензионерите од Карпош на новогодишен ручек се дружеа со градоначалникот на Општина Карпош.

Дружењето беше организирано од страна на пензионерскиот клуб „Карпош“, а повозрасните карпошани од т.н. трето доба, заедно со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев поминаа неколку часови во пријатна претпразнична атмосфера.

Како што нагласи и самиот градоначалник Стефан Богоев, спојот меѓу младоста и искуството е единствениот пат за развој и напредок на Општината. Првиот човек на Карпош им ги честиташе претстојните новогодишни и Божиќни празници посакувајќи им многу здравје и среќа во Новата 2018 година.