Спасовски смета дека приведувањето на пратениците било законско

29 декември, 2017 | 16:41 часот | 453 прикажувања |

„При приведувањето на пратениците, полицијата постапила законски- дејствувала по наредба издадена од Судот“- ова е одговорот на министерот за внатрешни работи по констатацијата на Народниот правобранител дека постапката била прекршена и било повредено правото на имунитет. Спасовски вели дека до Мемети ја доставил целата докуметација за овој случај.

Спасовски информираше дека сѐ уште не ги пронашле преостанатите за кои има потерница за собраниските настани. Полицијата има индиции дека тие сѐ уште се во Македонија.

Министерот соопшти дека идната година ресорот ќе продолжи со реформи во безбедносните служби и најави зголемување на бројот на полициските службеници.

извор: МРТ