
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со шефот за политички односи на канцеларијата на Европската унија во Македонија, Лукас Холуб. Посочил дека земјава премногу долго се наоѓа во политичка криза и е потребен дијалог.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи секое решение за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнењето на демократските процеси, но дијалогот е двонасочна улица. Потребна е активност и добра волја од страна на власта, преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот“, изјавил Мицкоски на средбата со Холуб.
Констатирал дека е потребен реален напредок во односите и евроинтеграциските процеси на Македонија.