Скопјанец се обидел да се самоубие со бесење

28 декември, 2017 | 11:34 часот | 525 прикажувања |

Дваесет и три годишниот Е.Б. од Скопје вчера бил донесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ откако се обидел да се самоубие.

Според информациите од полицијата младиот скопјанец најверојатно се обидел да се самоубие со бесење со шал во подрумската просторија од куќата каде што бил под кирија.

Истиот се наоѓа во животна опасност.