19-годишно момче загина во сообраќајка на патот од Илинден кон Миладиновци

28 декември, 2017 | 11:31 часот | 1.161 прикажувања |

Деветнаесет годишниот А.З. од скопско Миладиновци го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила утринава во 6:45 часот на локалниот пат од населбата Илинден кон село Миладиновци.

Од полицијата информираат дека автомобил „Голф“ со скопски регистерски ознаки управуван од А.З. излетал од коловозот и се превртел.

„Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а во моментов се врши увид од страна на увидна екипа“, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.