Ефтов: Мицкоски има три работи кои му се предност и една слабост

28 декември, 2017 | 9:31 часот | 5.592 прикажувања |

Христијан Мицкоски е математички ум. Или прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ од електро или машински факултет. Во СДСМ претседатели со математички ум биле Бранко Црвенковски и Радмила Шеќеринска, односно тоа е екипата на Благоја Ханџиски. Тие ја гледаат политиката како на циклуси кои се повторуваат. Затоа е за нив важно правилото да го дефинираат циклусот. Шеќеринска политички потона бидејќи сакаше во СДСМ да спроведе нов „политички циклус Црвенковски“, во услови кога стариот или вистинскиот Црвенковски беше Претседател на РМ.

Мицкоски има два циклуси: Љубчо Георгиевски или Никола Груевски. Да биде Љубчо од 1998 или Груевски од 2006. Груевски ја имаше Панорама од 2004 кога расчисти со Љубчо и победи на изборите 2006. Љубчо ја имаше 1997 година кога расчисти со Змејковски и победи на изборите во 1998 година. Мицкоски има три работи кои му се предност и една која му е слабост.

Прво за слабоста: Тој е сега како нов автомобил. Но секој нов автомобил во моментот кога ќе излезе од авто салонот, неговата цена е намалена за 20 отсто. Како нов автомобил Мицкоски излезе од Конгресот во Валандово. И има три големи предности. Прво, од 23 декември наваму нема веќе режим, туку има хунта во Македонија. Второ, на странците не им треба нов Заев, туку нов Груевски од 2006 година. Трето, секој следен конфликт во државата ќе биде доказ дека сега Заев, а не некој друг е генератор на сите тензии и нестабилности во Македонија. Со брзи избори шансите на Заев се поголеми. Со Пржинска влада по 2019 година, шансите на Мицкоски се поголеми.

(фејсбук статус на новинарот Васко Ефтов)