Реал ќе се засили со тројца одлични играчи веќе во јануари

27 декември, 2017 | 18:16 часот | 527 прикажувања |

2017 година беше една од најуспешните години на Реал Мадрид во историјата. „Кралскиот клуб“ освои се што можеше да се освои и никој не предвидуваше дека финишот на истата ќе биде лош и за клубот и за фановите.

Имено, Реал Мадрид заостанува 14 бодови зад Барселона и се чини дека полека им се лизга од раце титулата во шпанското првенство.

Во Лигата на шампионите пак Реал игра против ПСЖ кој направи фантастичен тим и доколку сака да му се спротивстави ќе мора да направи неколку трансфери.

Перез затоа не седи со скрстени раце и веќе договара три одлични засилувања за јануарскиот преоден рок.

„Диарио Гол“ тврди дека Реал ќе има 200 милиони евра да го засили тимот во зимскиот преоден рок. 100 милиони би требало да потроши на Икарди, а останатите за Леонардо Бонучи и Кепа Аризабалага.

Добро за Реал Мадрид е што и тројцата немаат настап во Лигата на шампионите оваа сезона, па доколку направат трансфер на „Бернабе“ ќе може да бидат регистрирани за натпреварот со ПСЖ.

Повеќе медиуми пишуваат дека Бонучи и Кепа се веќе завршена работа, а за Икарди, Перез ќе треба да се помачи со оглед што Интер нема да се ослободи лесно од нивниот најдобар играч, посебно не сега кога се во трка за титулата во Серија А.