Едуардо станува соиграч на Жута и Ристовски

27 декември, 2017 | 18:13 часот | 511 прикажувања |

Некогашниот хрватски репрезентативец Едуардо Да Силва би можел да се врати во Хрватска и кариерата да ја заврши во оваа земја.

Како што наведуваат медиумите во оваа земја, Риека подготвила понуда за Бразилецот со хрватски пасош и планира во јануари да го донесе во своите редови.

Ваквите најави ги потврди и самиот Едуардо кој истакна: „Сакам да бидам поблиску до Загреб и Хрватска. Готово е со патувањата и менувањето на клубови. Разговарав за евентуален трансфер во Риека. Уверен сум дека можам да играм уште две-три години, не сум заборавил да постигнувам голови. Ако стигне официјална понуда од Риека, зошто да не?“

Едуардо уште како дете пристигна во Динамо Загреб, клуб кој го вивна во светскиот фудбал. Потоа следуваше трансфер во Арсенал, а играше уште и за Шахтјор и Фламенго. Минатата сезона Едуардо ја помина во Атлетико Паранаенсе.