Ѓорчев за Телма: Револтирани сме од одлуката за продолжување на притворот

27 декември, 2017 | 18:07 часот | 1.722 прикажувања |

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и натаму нема да учествуваат во работата на Собранието, потврди за Телма привремениот координатор на пратеничката група, Влатко Ѓочев.

Ѓорчев вели дека се револтирани од одлуката на Кривичниот суд, кој денеска им го продолжи притворот на пратениците осомничени за упадот во Собранието на 27 април.

Претходно и координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев и премиерот Зоран Заев рекоа дека очекуваат опозицијата да се врати во Собранието.

извор: Телма