Влада: Заев и Мицкоски се согласија дека опозицијата треба да учествува во реформите

26 декември, 2017 | 18:36 часот | 517 прикажувања |

По средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Владата соопштија дека соговорниците се согласиле дека е потребно учество на опозицијата во реформите, а дека патот на Македонија е во ЕУ и НАТО.

„Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси“, соопштија од Владата.

Од таму додаваат дека Заев и Мицкоски констатирале и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата.