Мицкоски по средбата со Заев: Конструктивноста е двонасочна улица

26 декември, 2017 | 18:21 часот | 1.662 прикажувања |

90 минути траеше средбата во Владата меѓу новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ и премиер на Владата на РМ Зоран Заев. Иницијативата за средбата дошла од Кабинетот на Заев.

Лидерот на опозицијата Мицкоски пред новинарите рече дека се разговарало за актуелни теми.

За евентуалното враќање на ВМРО-ДПМНЕ во пратеничките клупи, тој посочи дека вечерва има состанок со пратениците на кој ќе се одлучува за нивното идно дејствување, а веќе утре ќе бидат соопштени деталите.

„Јас сум оптимист, а некои ме сметаат дури за утопист“, рече Мицкоски, додавајќи дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата никогаш не бил закочен.

видео: Македонија24