Иванов: Законот за јазици не е во согласност ниту со Уставот, ниту со Рамковниот

26 декември, 2017 | 13:36 часот | 4.427 прикажувања |

Постизборното коалицирање и формирањето нова Влада стана заложник на постизборна платформа од туѓа држава што ги загрози темелните вредности на Македонија. Тиранската платформа беше причина за политичката криза, која потоа прерасна во уставна, рече во обраќањето пред пратениците претседателот Иванов.

Правдата не треба да се сведе на политички реваншизам и лична одмазда. Бидејќи, одмаздата води кон нова одмазда, порача претседателот во годишното обраќање во законодавниот дом. Шефот на државата се осврна и на Законот за јазиците, за членството во НАТО и ЕУ, и за разговорите за името.

Заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ, рече Иванов за предложениот закон од Владата.

Единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, порача претседателот Иванов.

Жариштето на секоја политичка криза е лоцирано во Управата за безбедност и контраразузнавање и нејзиниот оддел за техничка поддршка. Предложените законските решенија за следење на комуникациите не ја острануваат можноста за злоупотреба и несовесно работење, смета претседателот Иванов.