Сите неработни денови за 2018 година

26 декември, 2017 | 12:07 часот | 467 прикажувања |

Понеделник, први јануари 2018 година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Уште на самиот старт на годината, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните. Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. Водици се паѓа во петок, па ќе има простор за продолжен викенд.

Во 2018 година Велиден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе има можност за подолг одмор.

На 24 мај е Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд.

Продолжен викенд ќе има и на 15 јуни, затоа што тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.