Груевски: Новиот претседател ќе каже дали пратениците се враќаат во Собранието

26 декември, 2017 | 12:00 часот | 459 прикажувања |

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека за тоа дали пратениците ќе учествуваат во натамошната работа на Собранието, треба да се праша новото раководство на партијата.

„Партијата има нов лидер и ново раководство и за тие прашања обратете се кај нив“, рече Груевски одговарајќи на прашање денеска пред Кривичниот суд.

На излегување од судот тој обвини дека судиите различно постапуваат во случаите што се водат против него и против Заев во истиот суд.

„Денешното рочиште се одложи и како што може да се види во случајот на Заев судиите му се извинуваат што го малтретираат да дојде на рочиште и ги закажуваат рочиштата на многу долги периоди, во овој случај имаме различна ситуација“, рече Груевски.

Судењето на предметот „Траекторија“ во кој е обвинет екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е одложено за 31 јануари.