Скопјанец изгубил контрола над возилото и удрил во бандера и билборд

26 декември, 2017 | 10:31 часот | 390 прикажувања |

Доцна синоќа во 00,38 часот во Скопје на булевар „Србија“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од С.М. (30) од Скопје, изгубило контрола и удрило во бандeра и билборд, по што С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Нему му се констатирани тешки телесни повреди и бил во животна опасност. Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.