
Пратеникот Влатко Ѓорчев ќе биде координатор на десетте пратенички групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Димовски се повлекол од оваа позиција самоиницијативно, а одлуката им ја соопштил и на своите колеги пратеници.
Одлуката формално се очекува да биде соопштена денес од страна на партијата.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да одлучат дали ќе го следат годишното обраќање на претседателот, Ѓорѓе Иванов, во Собранието, и дали ќе се вклучат во работата на парламентот, откако ги бојкотираа минатите седници.