Џафери ги констатираше оставките на членовите на ДИК

25 декември, 2017 | 15:52 часот | 429 прикажувања |

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, денеска ги констираше оставките на членовите на Државната изборна комисија, чиј мандат предвремено престана после повеќедневниот медиумски и јавен притисок.

Членовите на ДИК се повлекоа откако амбсадорот на САД во земјава, Џес Бејли, обелодени дека на тајна седница донеле одлука да си доделат бонуси во износ од неколку месечн плати заради прекувремена работа за време на изборниот процес.

Иако тврдеа дека одлуката ја донеле законско и дека не жалат за неа бидејќи ги заслужувале овие пари, сепак, на крајот под притисок на јавноста мораа да си поднесат оставка.