Претседателот Иванов го прими новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ

25 декември, 2017 | 15:43 часот | 357 прикажувања |

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими новоизбраниот претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонскиот претседател му честиташе на Мицкоски за изборот и му посака успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Иванов изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели на државата, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија.