Назор ќе биде нов тренер на Цибона

13 ноември, 2017 | 20:11 часот | 311 прикажувања |

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром Анте Назор, ќе биде новиот предводник на Цибона, потврди денеска трофејниот хрватски клуб.

Назор, под чие водство младите хрватски репрезентации во последните пет години, освоија медали на Светското и Европското првенство, се согласи да соработува со Цибона до крајот на сезоната.

Овој 38-годишен тренер ќе го наследи Слободан Суботиќ, кој пред два дена поднесе оставка поради лоши резултати.

Назор минатата сезона го предводеше МЗТ од Скопје до титулата шампион на Македонија, а претходно работеше во Задар.