Се бара државен советник за здравство со факултет по историја

25 декември, 2017 | 11:52 часот | 1.019 прикажувања |

Пред изборот на нов министерот за здравство, пуштен е оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Условот е да има со завршени историски, економски или правни науки.

Освен што невообичаено е вметнат условот за завршени историски науки, дополнително се бара најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководна позиција во јавниот сектор и 10 години искуство во приватниот сектор од кои најмалку 3 години на раководно место во приватниот сектор.

Платата за оваа позиција е 36,855 денари.