114 години од издавањето на епохалното дело „За македонцките работи“

25 декември, 2017 | 11:40 часот | 327 прикажувања |

На денешен ден во 1903 година, во Софија, издадена е книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Книгата е капитално дело на афирмацијата на македонската национална свест, јазик, култура и религија.

Во неа Мисирков ги обработува темите за основање стандарден македонски јазик, правопис и азбука, но и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ. Во книгата ги претставил и своите политиколошки погледи на тогашната политичка состојба во Македонија непосредно по Илинденското востание. Мисирков бил дипломец на Филолошкиот факултет во Петроград со одбрана на дипломскиот труд на тема: „Кон прашањето за народноста и причините за популарност на македонскиот крал Марко“ и издавач на првото научно-литературно и политичко списание на македонски јазик, „Вардар“ во 1905 година.

изТој бил учесник и еден од основачите на Тајниот македонско-одрински кружок во Петроград и на Македонското научно литературно другарство „Св. Климент“. Меѓу неговите најзначајни статии се и „Македонија и словенството“, „Самоопределување на Македонците“, „Борбата за автономија“, „Нашата вера“, „Македонска култура“, „Македонски национализам“.