
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов упати честитка до верниците кои го слават католички Божик.
До сите верници од католичка вероисповед, во мое име и во име на Градот Скопје, упатувам срдечни честитки за денешниот голем христијански празник -Божик.
Ви пожелувам добро здравје, многу радост и благосостојба.
Во годината што претстои да ги негуваме човековите вредности, почитта и меѓусебното разбирање, за спокоен живот на нашите сограѓани.