Заев: Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски

25 декември, 2017 | 11:02 часот | 490 прикажувања |

Претседателот на Владата, Зоран Заев му посака среќа на новоизбраниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесува Макфакс.

„Драго ми е што заврши конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивен пеоцес и критички осврт на опозицијата. Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна прилика“, рече Заев.

Додаде дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во законодавниот дом е важно, со оглед на тоа што доаѓаат двотретински закони за кои се потребни пратениците на опозицијата.

извор: Макфакс