Меган Маркл ја понесе титулата „Жена на годината“

25 декември, 2017 | 10:19 часот | 653 прикажувања |

Британскиот магазин „Хелоу“ ја прогласи Меган Маркл за „Жена на годината“.

Оваа година без сомнение помина во знакот на 36-годишната Американка, која од актерка во популарната серија „Suits“ за неколку месеци се трансформираше во член на британското кралско семејство.

Симпатична и опуштена, а истовремено доста грижлива, глумицата за кусо време го освои срцето на најпосакуваниот неоженет принц Хари, но и на целиот свет.

„Меган е поим и претставничка на новата генерација жени, кои можат сѐ. Таа е одличен извор на инспирација“, изјави биографот на принцезата Дајана, Ендрју Мортон, кој моментно работи на животната приказна на Меган Маркл.

Нејзе и успеа да и се допадне на инаку строгата кралица Елизабета Втора, така што таа годинава направи исклучок… Меган е поканета на тридневната божиќна прослава во Сандрингем, каде традиционално доаѓаат само членови на кралското семејство. Со таква почест не беа удостоени ниту Кејт Мидлтон, ниту Камила Паркер, ниту Дајана.