ВМРО-ДПМНЕ: На удар се чесни и искрени патриоти, чиј грев е што ја сакаат татковината

25 декември, 2017 | 10:07 часот | 417 прикажувања |

Хунтата на власт по директива на Зоран Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение до јавноста.

„На удар се чесни и искрени патриоти, чиј единствен грев е што си ја сакаат сопствената држава. Десетиците притворени македонски граѓани не се терористи, туку луѓе со реноме, углед, чест, достоинство и долгогодишни кариери кои никогаш не сториле никакво делло кое се коси со законот“, посочуваат од опозициската партија.

Како што велат оттаму, хунтата продолжува да се изживува со нив и во истражниот затвор.

Според ВМРО-ДПМНЕ, притворените се оставени на минусни температури во ќелии со мувла во кои што нема греење, а прозорците се распипани.

Од партијата бараат да му се стави крај на нечовечното постапување и да се обезбеди слобода и еднаквост за сите.