ВМРО-ДПМНЕ: Наместо реформи, СДС донесе деструкција

24 декември, 2017 | 17:04 часот | 400 прикажувања |

СДС седум месеци работи спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија. СДС ветуваше реформи, а донесе деструкција. Реформите кои ги најавуваше СДС испукаа како балон. Инситуциите наместо во служба на граѓаните се ставени во служба на хунтата, се злоупотребуваат законите со цел изживување со политичките неистомиленици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на Република Македонија во 21 век видоа што значи хунта. Антидржавни договори, политички прогон на неистомисленици, монтирани судски случаи, криминал на улиците, здравство без министер, сомнителни тендери на претставници од власта, загаденост на воздухот од невидени размери и непотизам се одликите на хунтата во Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Од пратијата велат дека граѓаните заслужуваат демократија, имаат потреба од институции кои го спроведуваат законот, а не злоупотребуваат.

„Граѓаните заслужуваат правна држава базирана на современите демократски принципи. Хунтата ја уништува демократијата и правната држава, мислејќи дека ќе помине неказнето. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека владеењето на правото и правната држава, демократски институции и еднаквост за сите мора да има. Секој еден претставник на хунтата кој се обидува да ги уништи овие принципи на современото општество ќе сноси одговорност со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“, се додава во партиското соопштение на опозициската партија.