Георгиевски: Треба да му се даде шанса на Мицкоски

24 декември, 2017 | 12:06 часот | 2.393 прикажувања |

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, со објава на социјалната мрежа Фејсбук го поддржа изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата.
Тој на својот Фејсбук профил сподели дека треба да му се даде шанса на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“ пишува Георгиевски.

За изборот на Христијан Мицкоски, кој беше единствен кандидат на 16-тиот конгрес на партијата во Валандово гласаа 376 делегати. 56 ливчиња беа неважечки, а 133 делегати го бојкотираа конресот.