
Во скопската населба Автокоманда, деца на улично куче му разнеле дел од долната вилица со петарда.
„Кучето е оперирано и потребна е помош за да се спаси. На наше инсистирање, со цел да му се спаси вилицата кучето е оперирано кај доктор Марин кој има вакви оперативни искуства и од претходно“, велат од здружението „Анима мунди“.
Износот на операцијата е 7.500 денари, а секој ден престој е дополнителни 300 денари.
„Кој може и сака да донира нека ја контактира Мелиса 078 345 618. Воедно неопходно е негово постоперативно згрижување и ресоцијализација бидејќи е во шок. Споделете!“, велат од здружението за права на животните.