Руни донираше 840 илјади евра за добротворни фондации за деца

23 декември, 2017 | 22:09 часот | 508 прикажувања |

Англискиот фудбалер Вејн Руни уште еднаш ја покажа својата човечка страна. Тој донираше 840 илјади евра во пресрет на Божиќ, на три добротворни фондации за деца.

Руни им даде 280.000 евра на „Татковината на Клер Хаус, „Елдер Хеј“ и на Здружението за заштита од злоупотреба на деца во Ливерпул.

„Тоа беше голема чест за мене, бидејќи се сретнав со деца и родители кои храбро чекорат напред, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Се надевам дека ќе го почувствуваат духот на Божик“, рече Руни.

Напаѓачот на Евертон игра се подобро, но го пропушти денешниот дуел со Челзи (0:0)