Петровски: Никогаш на конгрес не било пошупливо, без интелектуалци

23 декември, 2017 | 22:05 часот | 3.898 прикажувања |

Никогаш на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ не било пошупливо, без интелектуалци, без кој да има да каже нешто за идеологијата на партијата, рече Филип Петровски во своето јавно обраќање на фејсбук, револтиран од изборот на Христијан Мицевски за лидер на партијата.

„Затоа конгресот го нареков фолк Валандово, личеше на приватна забава, без намера да го навредам фестивалот. Овој конгрес е невалиден. Јас најавувам дека има опција. Не се откажувам ни под разно од ВМРО-ДПМНЕ. Пробајте да ме исклучите. Сметам дека има подобри решенија за да се справиме со полициската хунта, а тоа не е со местење на конгрес. Ова беше фарса“, рече Петровски.

Тој го обвини Груевски дека во 2003 година дошол на власт во партијата преку наместен конгрес, а за него биле тепани делегати и им биле упатувани физички закани на луѓето да гласаат во негова корист. За обвинувањата кои екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе дека заминува со ножиња во грб, Петровски коментираше дека токму Груевски е тој кој им забил ножеви во грб на членството и на делегатите, носејќи на сила за претседател човек кој нема никаква врска со ВМРО.