
На конгресот кој се одржа денеска во Валандово досегашниот претседател на партијата, Никола Груевски, беше прогласен за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се должи, според партијата, на фактот што тој донесе десет последователни изборни победи за ВМРО-ДМПНЕ, како и на значајниот напредок кој партијата го забележа во однос на бројот на членството и финансиската моќ.
На Груевски му беше доделена и плакета за благодарност за неговата работа во партијата.