Груевски од Валандово: Овој конгрес е најава за нова победа на ВМРО-ДПМНЕ

23 декември, 2017 | 13:01 часот | 479 прикажувања |

Екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот вонреден конгрес на партијата во Валандово, порача дека неговата партија повторно ќе се врати на власт во Македонија.

„Овој конгрес е најава за нова победа и враќање на власт на Република Македонија. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го има 11 години. Кога имавме успешен напредок, кој ја движеше Македонија, имавме успешни резултати“, истакна Груевски.

Груевски посочи дека е разочаран од некои негови соработници, во последните неколку месеци, без јавно да ги каже нивните имиња.

„Жалам што Конгресот се случува кога партијата е нападната од надвор но и од внатре од наши членови. Јас сум водач на партијата 14 години и имавме 10 изборни победи. Во овие години на успеси се вложив целиот и сето време за партијата и државата, откажувајќи се од многу попријатни можности, изложувајќи се на стресови и непријатности. Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видат вакво однесување на мои блиски соработници кои се наоѓаат под притисок“.

За нов лидер на партијата ќе биде назначен Христијан Мицкоски, кој е и единствен кандидат на овој Конгрес.