Почина авторот на цртаниот лик „Душко долгоушко“

23 декември, 2017 | 12:26 часот | 651 прикажувања |

Авторот на цртаниот филм „Душко долгоушко“ Боб Гивенс почина на 99 години.

Американскиот аниматор, чија долга и богата кариера исполнета со соработка со компании како што се Волт Дизни, Ворнер Брос и Хана-Барбера, почина од природна смрт на 14-ти декември во болницата Сен Џозеф во Бурбанк, пренесуваат американските медиуми.