Дедо Mраз со хеликоптер ќе пристигне на аеродромот „Петровец“

23 декември, 2017 | 10:32 часот | 538 прикажувања |

Воздухопловната бригада на АРМ денеска ја организира традиционалната церемонија за поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници на воздухоплвната бригада и на деца на припадници на вбр и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

На најмладите новогодишните пакетичиња ќе им ги даде Дедо мраз кој ќе пристигне со транспортен воен хеликоптер на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.