Колоски: Македонија е Македонија, Грција да си го преименува северот

22 декември, 2017 | 23:35 часот | 20.578 прикажувања |

Претседателот на Обединетатa македонска дијаспора, Мето Колоски, ѝ порача на Грција да си го преименува својот северен регион во Грчка Македонија, со што би направила јасна дистинкција од Република Македонија.

„Македонија е Македонија. Грција треба да разгледа преименување на своите северни територии северно од планината Олимп во Грчка Македонија – јасно поинаку од Република Македонија“, напиша Колоски на својот профил на „Твитер“.

Само две минути претходно тој се осврна на коментарите под написот на „Економист“ насловен „Зошто Македонија сè уште има второ име“.

„Некој оставил коментар под неодамнешниот напис во ‘Економист’ за прашањето за името на Македонија и сугерира земјата да биде преименувана во ‘The Magnificent And Celestial Eternal Democracy Of Northern Inland Areas’ (во превод: Величествената и небесна вечна демократија на северните области на внатрешноста – н.з.). Нејзиниот акроним би бил MACEDONIA – со оглед на тоа дека Грција користи FYROM – креативно!“, гласи претходниот твит.

извор: Експрес.мк