Росоклија: Македонското општество ги казнува надпросечните

22 декември, 2017 | 23:29 часот | 698 прикажувања |

Кога ги „плукате” различните од вас (етнички, верски, сексуално, развојно…) создавате општество во кое различноста се казнува, што значи и надпросечноста. Општество со култура на толпа во кое „врз главата која се издига над толпата, паѓаат безброј удари. Општество во кое амбицијата и визијата за промена се за подсмев.

Ова го пишува во свој статус на Фејсбук Горазд Росоклија, македонски научник и професор на еминентниот универзитет Колумбија во Њујорк.

„Различните кои толпата ги чувствува како страно тело си одат или замолчуваат. Така општеството го добива своето интелектуално и политичко лидерство кое нема ниту капацитет ниту желба било што да менува. Кога дојдов во Њујорк не можев да прифатам дека успешните Македонци, двајца од нив милијардери (Каркински во Канада и Илиќ во САД), многумина милионери и врвни професионалци во САД и Канада, не сакаат да имаат ништо, никаков контакт со Македонија“, вели во својата објава професорот Росоклија.

Додава дека после 26 години контакти кои тој ги има со Македонија, едукација на преку 40 македонски научници, соработка на научни проекти во милиони долари, иако сеу ште не го прифаќам таквиот нивни однос на дистанцирање од Македонија, одлично разбирам зошто е таков.

„Македонското општество нема капацитет да ги искористи луѓето кои можат и сакаат да му дадат, а најголеми губитници се младите луѓе со амбиција да се издигнат над толпата“, заклучува Росоклија.