Ник Вујичиќ стана татко по втор пат, доби две близначиња

22 декември, 2017 | 15:43 часот | 477 прикажувања |

Познатиот мотивационен говорник и борец за права на лицата со инвалидитет неодамна со своите обожаватели ја сподели веста дека станал татко, и тоа по четврти пат.

Николас Џејмс Вујичиќ, попозат како Ник, роден е во 1982 година во Бризбејн со ретко тетра-амелија пореметување. Тој нема раце, а наместо нозе има мали стопала и поради овој хендикеп тешко се вклопувал во друштво, од дете.

Сепак со тек на времето покажал огромна сила, па станал еден од првите лица со инвалидитет кој е интегриран во формална училишна установа.

Иако во младоста се борел до страшни предрасуди и депресија, Ник го одржала неизмерната љубов на родителите.

Во меѓувреме се вклучил во бројни хуманитарни акции собирајќи средства за различни програми кои им помагаат на луѓе со инвалидитет и ширум светот почнал да држи предавања за своите проблеми.

Од 2012 година е во брак со Канае Мијахра, со која живее во Калифорнија. Тие во 2013 година го добија синот Кијоши Џејмс, а две години подоцна и Дејан Леви.

Сега нивното семејство е поголемо за два мали члена. Имено, тато Ник на својот профил на Фејсбук се пофали дека Канае неодамна на свет донела две девојчиња, Оливија Меј и Ели Лаурел.