
Промоција со многу позитивна енергија на збриката афоризми „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ на Стиховен Калибар во Скопје.
Без многу помпа и премногу формалности и говори, посетителите имаа можност да дојдат до книгата, да добијат посвета и директно поразговараат со авторот.
Опуштена атмосфера во која стотина гости останаа скоро 3 часа и уживаа во пријатната атмосфера.
Книгата „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ е во издание на Центарот за промоција на култура и туризам, а наскоро се очекува и дистрибуција на остатокот од тиражот во продажни места кои дополнително ќе бидат посочени.