Полов напад врз 12-годишно девојче во Скопје

22 декември, 2017 | 10:26 часот | 462 прикажувања |

Вчера во 19.00 часот, жена од Скопје пријавила дека во текот на денот, како и во периодот од 10.12 до 21.12.2017 година, непознат маж во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка.

Додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.